Рим е еден од неколкуте градови кој одлучи да се вклучи во кампањата за намалување на загадувањето.
Од неодамна во оваа метропола овозможена е замена на пластични шишиња за возна карта во подземната железница.
По воведувањето на слична кампања во Истанбул, и корисниците на метрото во Рим можат да заштедат пари и да придонесат за зачувување на околината. Принципот е едноставен, на три станици во Рим, патниците можат да ги рециклираат пластичните шишиња во автомат за продажба на возни карти, а за возврат добиваат одреден износ на картичката кој подоцна можат да го заменат за возна карта. Иницијативата наречена „Рециклирај и патувај“ ја почна градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи. Тест-периодот ќе трае 12 месеци и доколку се покаже како успешен ќе се прошири и на другите станици.
За секое рециклирано шише корисниците добиваат по пет центи, така што за стандардна карта од 1,5 евро треба да се рециклираат 30 шишиња. Шишињата можат да бидат со различна големина, од 0,25 до 2 литри.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.