Свет

Добри резултати на „Ахолд Делез“ во вториот квартал

15 Aug 2019

Компанијата „Ахолд Делез“ соопшти дека во вториот квартал од 2019 година постигна раст на продажбата од 1,5 отсто, на 16,3 милијарди евра. 

На резултатот влијаеше и 11 - дневниот штрајк во нивните Stop & Shop продавници во САД, но Франс Милер, генерален директор на групацијата, изјави дека другите нивни брендови во САД „продолжија да даваат силни резултати“. 

На домашниот пазар, во Холандија, компанијата во вториот квартал оствари пораст од 3,8 отсто, а на ниво на групација, во истиот период остварен е пораст од 3,68 милијарди евра. 

Продажбата во Белгија благо опадна за 0,2 отсто во вториот квартал во споредба со истиот период минатата година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...