Свет

Најголемиот светски призводител на пиво излегува на берза

04 Jul 2019

Најголемиот светски производител на пиво, „Будвајсер Бревинг Компани АПАЦ“ најави дека ќе излезе на берза со 1,6 милијарди акции. 

Компанијата се надева дека ќе собере дури 9,8 милијарди долари и така ќе ја забележи најголемата овогодишна иницијална понуда на акции(IPO) во светот.

„Будвајсер“ е дел од пивскиот гигант „АБ Инбев“ во чие портфолио има над 50 брендови на пиво меѓу кои се Stella Artois, Beck’s i Corona.

„Будвајсер“ своите акции ќе ги понуди на берзата во Хонг Конг на 19 јули. Нивната почетна цена ќе биде меѓу 5.13 долари и 6.02 долари по акција, со што компанијата очекува треба да собере помеѓу 8,3 и 9,8 милијарди долари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...