Свет

Раст на приходите и добивката на „Кока кола“ во првиот квартал од 2019 година

25 Apr 2019

Компанијата „Кока кола“  ги зголеми приходите и профитот во првиот квартал од 2019 година. 

Најзаслужна за тој раст е побарувачката на флаширана вода и на безалкохолни пијалоци.

Добрите бројки се резултат на работењето на азиските и на европските пазари.

Во првиот квартал од годинава, приходите на „Кока -кола“ се зголемиле за пет проценти, на 8,02 милијарди долари. Нето добивката се препишува на компанијата зголемена за 22,6 проценти на 1,68 милијарди долари.

Органските приходи, кои го исклучуваат ефектот на флуктуации, девизен курс и активизација, се зголемиле за 6 проценти, благодарение на повисоките цени и делумно акумулираните залихи во резерви, поради неизвесноста поврзана со Брегзит.

Обемот на продажба, клучен индикатор на побарувачката, се зголемил за два проценти годишно, со поддршка на азиските и европските пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...