Индексот на цените на храната* во февруари годинава во просек изнесуваше 167,5 поени, што е за 1,7% повеќе во споредба со претходниот месец.
Извор: www.fao.org
Февруарските цени се на највисоко ниво од август 2018 година, но сепак тие се за 2,3 проценти пониски во споредба со истиот месец минатата година. Минатиот месец се зголемија цените на сите стоки, а најзначителни зголемувања беа регистрирани кај млечните производи.
* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и на забележаните цени.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.