Свет

Американски „Сирс“ и официјално побара стечај

01 Mar 2019

Американски „Сирс“, некогашен најголем трговски синџир во светот, денес побара покренување стечајна постапка. 

Со тоа и официјално кулминира долгогодишната агонија на компанијата која доминираше со трговијата во САД во текот на 20-от век. 

Во документите што ги достави до судот и со кои бара стечај, компанијата ја проценила вредноста на својот имот на 6,9 милијарди долари, а долговите се проценети на 11,3 милијарди долари. 

Управата на „Сирс“ до последен момент бараше алтернативи за да го избегне стечајот. Не помогна ни обидот за голема реконструкција во работењето, при што само оваа година затворија 166 маркети. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...