Европската агенција за безбедност на храната се обврза дека ќе ги објавува научните податоци што ги користи за истражување и следење на процените за ризик на ниво на ЕУ.
Како што се наведува, ЕФСА ќе ги споделува податоците за подрачја, како што се: навики за потрошувачката на храна, остатоци од пестициди, хемиски контаминати и адитиви, епидемии од болестите што се пренесуваат преку храната и антимикробни резистенции.
Првата група податоци ќе бидат објавени годинава на Knowledge Junction, јавен репозиториум на ЕФСА, кој е воспоставен за подобрување на транспарентноста, повторливоста и повторното користење на доказите при процената на ризикот за сигурност на храната.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.