Свет

„Амазон“ го надмина „Мајкрософт“

09 Jan 2019

Компанијата „Амазон“ ја надмина „Мајкрософт“ на листата со највредни компании во САД, пренесува „Асошиејтед прес“ (АП).

Според АП, до промена на врвот од листата дошло поради тоа што акциите на „Амазон“ се зголемиле за 3% на 1.629,51 американски долари и ја зголемиле пазарната вредност на лидерот во е-трговијата на 797 милијарди долари. Во меѓувреме, акциите на „Мајкрософт“ се зголемиле за помалку од 1% на 102,06 долари, така што пазарната вредност на компанијата сега изнесува 784 милијарди долари.

Како што се наведува, „Амазон“ првпат е на првото место од листата со највредни американски компании. Ова репозиционирање може да предизвика загриженост дека трговската војна на САД со Кина и подигнувањето на референтните камати ќе ја забават светската економија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...