Технологија на НАСА би можела да реши два горливи проблеми на човештвото – губењето ресурси и истовремено фрлањето храна. Станува збор за хиперспектрален состав за детекција кој НАСА веќе го користи за мерење на хемиските податоци.
Поради високата цена, технологијата долго време беше недостапна, но сега има влијание и врз разните индустрии, вклучувајќи ја и прехранбената.
Технологијата работи така што врз основа на фотографија софтверот може да процени повеќе клучни податоци за храната, како што се степенот на зрелост и евентуално загадување на храната, и тоа без физички да се земат примероци, како што е случај со традиционалните методи.
Оваа технологија и сличните на неа ќе донесат значителни заштеди и на пазарот ќе пласираат поквалитетни производи. Тие се и одржливо решение за глобалниот проблем со недостиг на храна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.