Археолози тврдат дека ја пронашле првата пиварница во светот со остатоци од пиво старо 13.000 години.
Откритието е забележано во праисториска пештера во Израел, додека археолозите проучувале гробница на ловци-полуномади. Денес се верува дека пивото почнало да се прави пред околу 5.000 години, но ако тврдењата на археолозите се точни, границата треба да се помести значително наназад во историјата.
Истражувачите сметаат дека пивото било правено за да се користи во ритуалите во чест на мртвите. Трагите се најдени во камени садови, користени за подготвување и чување храна од различни видови растенија.
Научниците од Универзитетот „Станфорд“ сега се обидуваат да утврдат кои растенија ги употребувале како храна луѓето што живееле во периодот меѓу палиолитско и неолитско време, од кога се претпоставува дека потекнуваат трагите за алкохол правен од пченица и од јачмен.
Праисториското пиво изгледало многу поинаку од денешното. Се состоело од жито кое потоа се загревало, па „ферментирало“ со див квасец. Пијалакот што се добивал бил ферментиран, но многу послаб од „модерното“ пиво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.