Свет

Расте добивката на „Пепсико“

05 Oct 2018
Американскиот производител на безалкохолни пијалаци „Пепсико" има зголемена добивка во третото тромесечје од годинава благодарејќи на зголемената продажба во Северна Америка и вложувањата во маркетинг и во развој на нови производи на пазарите што уште се развиваат.
 
Заклучно со 8-ми септември, нето-добивката на компанијата се зголеми 16 отсто, односно на 2,5 милијарди долари. Нето-приходите пораснаа 1,5 отсто, на 16,49 милијарди долари. 
 
Порастот на безалкохолни пијалаци во Северна Америка е 2,3 отсто, што во компанијата го препишуваат на ширење на понудата на негазирани пијалаци и минерална вода и лансирање на нови брендови како што се Lifewtr  и Bubly.

Во речиси идентичен процент на истиот пазар пораснаа и приходите од продажбата на грицките Frito-Lay. Компанијата вложуваше и во огласување на познатите Pepsi, Diet Pepsi i Pepsi Zero, за да си го врати делот од пазарот што ѝ го одзеде „Кока-кола“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...