Свет

„Хел енерџи“ доби награда за најдобар производител во Европа

02 Oct 2018
Унгарската компанија „Хел енерџи“ (Hell Energy), позната по истоимениот бренд енергетски пијалаци, доби награда за најдобар производител во Европа од страна на водечкиот британски магазин ACQ5. 
 
Магазинот секоја година наградува истакнати компании, организации, раководители на компании и поединци од цел свет, во различни категории, а врз основа на гласовите на своите читатели. 
 
ACQ5 спроведува годишно онлајн-истражување меѓу своите 200.000 читатели. Оваа година стигнале повратни информации од рекордни 98.621 читатели. 
 
Исклучително ни е драго што работиме со највлијателните, со најхрабрите светски компании и што сме во можност да ги споделиме нивните пораки со нашите читатели. Една од целите на нашите награди е да ги запознаеме луѓето со водечките лица во значајни индустриски гранки, со најдобрите компании и со организациите кои служат како референца и пример во корпоративниот сектор. Годинава ги наградивме оние кои имаат значајна улога на неколку главни светски пазари, соопштија од магазинот.

Читателите ја прогласија „Хел енерџи“ за производствена компанија на годината во Европа, во категоријата на остварени приходи над 100 милиони евра. Ова признание до сега не го добила ниту една компанија од Унгарија. „Хел енерџи" го освои поради својот производствен комплекс, фабриката отворена во 2011 година во местото Сиксо, како една од најмодерните фабрики во Европа. Производствената линија за полнење лименки, инсталирана годинава, е една од најмодерните во светот во поглед на хигиенските и техничките аспекти и еден од најбрзите производни линии во централна Европа, со капацитет на полнење од 120.000 лименки во еден час. Вкупното дневно производство е дури 4,5 милиони лименки.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...