Прометот во малопродажбата на ниво на Европска Унија во јули стагнираше на месечно ниво, втор месец по ред, додека на годишно ниво продолжи да се зголемува со непроменета динамика, покажува најновиот извештај на „Евростат“.
Прометот пораснал само во категоријата непрехранбени производи, за 0,5 отсто, додека на бензинските пумпи паднал за 0,9 отсто, а 0,3 отсто е падот во категоријата храна, пијалаци и цигари.
Во еврозоната, прометот од трговијата на мало во јули опаднал за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, кога бил зголемен за 0,3 отсто, покажува извештајот.
Меѓу членките на ЕУ, најголем пад на прометот на мало е забележан во Белгија, за 2,1 отсто. Најголем пораст има во Словачка и во Естонија, за по 1,1 отсто.
Се вчитува следна вест...