Свет

Ново пиво со марихуана

30 Aug 2018

Калифорниската пиварница „Лагунитас", која од 2017 година е во целосна сопственост на „Хајнекен", произведе пиво направено со марихуана наместо со алкохол.

Пивото Hi-Fi Hops во моментов е достапно во делови на Калифорнија, каде канабисот е легален. Пијалакот, за кој се направени посебни лименки, е пуштен во продажба од 30 јули и чини 8 долари.

„Лагунитас" го опишува новиот пијалак како „ароматична пенлива вода". Лименките не содржат ни малку алкохол, туку се направени со ТХЦ (тетрахидроканабинол), главната психоактивна состојка на марихуаната. Освен со ТХЦ, од кој во секое пиво има по околу 10 милиграма, во понудата се и пива со ЦБД (канабидиол), непсихоактивна компонента на канабисот, на која ѝ се припишуваат многу терапевтски ефекти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...