Свет

Ласерски ознаки на производите

24 Aug 2018

За да ја намали употребата на пластика, германскиот трговец „Едека“ објави дека наместо пластични етикети и ленти, ќе користи ласерско етикетирање како начин за означување на органското овошје и зеленчук.
Според трговецот, ова „паметно етикетирање“ ќе заштеди повеќе од 50 милиони пластични етикети и ленти. Од „Едека“ истакнуваат дека во тек е елиминацијата и на пластичните пакувања на овошјето и на зеленчукот секогаш кога тоа е можно, а новава иницијатива е голем чекор напред.
Со новиот начин на етикетирање фонтот и логото на производителот ќе бидат втиснати на плодовите со ласер во висока резолуција. Тоа значи дека ќе бидат отстранети само пигментите на надворешната кора, односно дека плодот нема да биде оштетен на кој било друг начин. Вкусот, издржливоста и изгледот на овошјето и на зеленчукот остануваат непроменети, истакнува трговецот.
Претходно, со „паметни етикети“ експериментираа холандски „Џамбо“ за дел од органското овошје и зеленчук и британски „Маркс & Спенсер“ на авокадото.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...