Свет

Нов начин на пакување на бананите

16 Aug 2018
Јужнокорејскиот синџир супермаркети „Е-март" претстави нов начин на пакување на бананите, кој според повеќето коментари на социјалните мрежи, е генијален.
 
Шест банани се подредени од најзрели до најмалку зрели, односно од темножолти до зелени. На тој начин, објаснуваат од јужнокорејскиот трговски синџир, потрошувачите може да бидат сигурни дека нема да купат премногу зрели плодови, ниту премногу недозреани. Како што истакнуваат од „Е-март", најдобро е да се јаде по една банана дневно.
 
Според коментарите на социјалните мрежи, постојат и такви што не гледаат потреба од продажба на банани во пластично пакување, но поголемиот дел се воодушевени што во пакувањето има овошки со различен степен на зрелост.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...