„Џонсон & Џонсон", производителот на брендовите Neutrogena и Clean & Clear, ги надмина прогнозите на аналитичарите за тромесечните приходи и профит.
Продажбата бележи пораст во сите три деловни сегменти од компанијата, но најмногу во фармацевтскиот дел, каде е забележан пораст од 20 отсто, на 10,35 милијарди долари, што претставува речиси половина од вкупните приходи на компанијата во дадениот период.
Нето-заработувачката достигна 3,95 милијарди долари, односно 1,45 долари по акција.
Вкупната продажба достигна 20,83 милијарди долари, во споредба со минатогодишната - 18,84 милијарди долари.
На меѓународните пазари, каде остварува повеќе од половина од приходите, компанијата оствари пораст од 11,8%.
Конгломератот во секторите за фармацевтски производи и производи за нега и здравје, очекува годишни приходи во висина од 81 милијарди долари, а како еден од главните фактори е зајакнувањето на доларот.