Одбројани се деновите на банкарските картички со чипови и со пин-кодови, кои сопствениците ги внесуваа при плаќање и подигнување пари, бидејќи банките наскоро ќе преминат на издавање на биометриски платежни картички.
Како што пренесува британски „Мирор", кај биометриските картички сè што ќе треба да направи корисникот, е да оди во банка и да остави отпечаток од показалецот. Тој отпечаток ќе се регистрира само на платежната картичка и никој нема да може да ја користи без дозвола од сопственикот.
Кога корисникот ќе плаќа во продавница, ќе биде потребно да го стави показалецот на картичката и автоматот ќе ја одобри исплатата. Продавниците нема да има потреба да ги менуваат мешините за плаќање, бидејќи новите биометриски платежни картички ќе можат да се користат и на сегашните платежни терминали.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.