Компанијата „Херши“ соопшти дека склучила договор за преземање производителот на органски грицки, „ЛесеЕвил“.
Додавањето на новиот бренд дополнитено ќе го прошири асортиманот на ужини на нашата компанија преку долгогодишните брендови од сегментот на слатки како што се Hershey's, Reese's i Jolly Ranchers, соопштуваат од компанијата.
Инвестирањето во „ЛесеЕвил“ ќе ја прошири нашата понуда на нови категории , допирајќи до нови потрошувачи. Овој брзорастечки бренд не само што ги надополнува нашите омилени брендови во категоријата слатки и солени грицки, туку носи и дополнителен производствен капацитет за да ги задоволи растечките потреби на потрошувачите и трговците на мало, изјави Мишел Бак, претседателка и главна извршена директорка на „Херши компани“.
Приклучувањето кон компанија која ја споделува нашата страст за одговорно рабтоење, придоенсува за повисоки цели и долгорочна визија, што е неверојатна можност за нашиот бренд и тим. Вековна традиција на „Херши“ не носи само стратешко усогласување, туку и вистински културен дом каде што можеме да продолжиме да растеме и остваруваме влијание, изјави Чарлс Користин, главен извршен директор на „ЛесеЕвил“.
Оваа аквизиција подлежи на регулаторни одобрувања, а се очекува да биде завршена во текот на оваа година.
Извор: InStore.rs
Фото: „ЛесеЕвил“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.