Свет

Шведска: Граѓаните ќе ги бојкотираат маркетите

25 Mar 2025

Поскапувањето на храната предизвика револт кај Швеѓаните кои одлучија да преземат директна акција против тоа. Имено, како што пренесува „Гардијан“ се организира седумдневен бојкот на најголемите супермаркети во Шведска.

Протестот, познат како „Бојкот на 12-та недела“ – наречен така затоа што започна на 12-та недела од календарската година – започна минатата недела и брзо стана национална тема, благодарение на објавите на социјалните мрежи. Според проценките, цената на храната за просечното семејство во Шведска е зголемена за околу 2.740 евра од јануари 2022 година.

 

Фото: Pexels

Извор: 24 инфо



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...