Свет

САД: Расте уделот на приватните трговски марки

22 Jan 2025

Според компанијата „Нумератор“, минатата година приватните трговски марки сочинуваа речиси четвртина или 24 отсто од десетте главни производствени сектори.

 Категориите како канцелариски, домашни и градинарски производи имаа најголем удел на приватните трговски марки, додека брендовите за храна, здравје и убавина и производи за домаќинство беа најзастапени во потрошувачките корпи.

За време на овој период меѓу 20-те најголеми американски трговци на мало, „Алди“ и  „Трејдер Џое“ најмногу се потпираа на производи од приватните трговски марки.

Од друга страна, брендовите со приватни трговски марки учествуваа со само три проценти од продажбата на „Амазон“, значително помалку од кој било друг голем трговец на мало.

Најбрзо растечки брендови беа Walmart's Bettergoods и Target's Dealworthy, и двата бренда беа лансирани минатата година. Од нивното лансирање, продадени се десетици милиони артикли од овие два бренда.

Кога станува збор за мислењето на потрошувачите, важно е да се напомене дека 59% од купувачите изјавиле дека производите од приватните трговски марки нудат натпросечна вредност за нивната цена. Дури 42% од нив купуваат производи од  приватни трговски марки за да заштедат пари, а 27% од потрошувачите веруваат дека овие производи се исто толку добри како и брендовите.

 

 

Извор: Politika

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...