Компанијата „Мигрос“ соопшти дека минатата година оствари пораст на продажбата за 1.6% или 32,5 милијарди швајцарски франци.
Како што соопшти компанијата, еден од водечките двигатели на растот во овој период е силно зголемување на онлајн продажбата од 10,1%, на 4,5 милијарди франци, при што онлајн продавницата на трговецот „Мигрос онлајн“ забележа раст од 6% или 365 милиони франци.
Компанијата, исто така, забележа раст на продажбата во Швајцарија за 1,4% или 24,4 милијарди франци.
Продажбата на храна во продавниците се зголеми за 0,3% во 2024 година на 12,7 милијарди франци, додека индивидуалните формати како „Мигрос партнерс“ и „Вои“ забележаа раст од 4,1%.
Кога станува збор за непрехранбените категории, компанијата забележа тренд на преминување кон онлајн купување, што главно влијае на специјализираните синџири, кои групата најави дека ќе ги продаде „Мелетреникс“, „СпортХ“ и „Бајк ворлд“, додека потрагата за купувачите на трговските синџири „Микаса“ и „До ит +“, сѐ уште трае.
Овие резултати го потврдуваат тоа дека сме на правиот пат фокусирајќи се на нашите супермаркети, изјави Марио Ирмингер, претседател на извршениот одбор на Федерацијата „Мигрос“ кооператива.
Извор: InStore.rs
Фото: „Мигрос“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.