Свет

Велика Британија: „Унилевер“ ќе ги продаде брендовите Unox и Zwan

19 Dec 2024

„Унилевер“ соопшти дека добила понуда од  групацијата „Званенберг фуд“ за купување на брендовите Unox и Zwan.

Холандскиот Unox и белгискиот Zwan се дел од портфолиото на компанијата речиси 100 години, но потребен е посебен синџир за снабудавање, модел на набавки и технолошки и развојни можности, што ги прави помалку прилагодливи, соопштуваат од компанијата.

 Продажбата вклучува и локација во Познан за производство на супи во ќесичи.

Како што  стои во соопштението, „Унилевер“сака да го изостри своето портфолио на храна за долгорочен раст и приспособливост, фокусирајќи се на брендови во категориите како додатоци за готвење, мини оброци и зачини.

Unox е сакан и култен бренд во Холандија и одлуката да се разделиме со него не беше лесна, додека Zwan стана почитуван бренд во Белгија, носталгичен и за брзи и лесни оброци. Уверен сум дека под сопственост на групацијата групацијата „Званенберг фуд“, Unox и Zwan ќе можат брзо да се прилагодат на трендовите и да останат релевантни на овој конкурентен пазар, изјави Хајко Шипер, претседател на „Унилевер“.

Брендовите Unox и Zwan се прекрасен додаток на нашата палета. Ние сме широка компанија за храна со силни брендови. По преземањето на фабриката на „Унилевер“ во Ос во 2018 година, аквизацијата на брендовите Unox и Zwan се одличен додаток кој совршено се вклопува во нашите амбиции, изјави Сјоерд ван дер Лаан, извршен директор на  групацијата „Званенберг фуд“. 

Понудата е предмет на вообичаени регулативни процеси, а продажбата се очекува да заврши во 2025 година, соопшти компанијата.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...