Свет

САД: „АБ Инбев“ е официјален спонзор на Светското клупско првенство ФИФА 2025

03 Dec 2024

„АБ Инбев“  го продолжи партнерството со ФИФА кое трае речиси 40 години и ќе биде официјален спонзор на претстојното Светско клупско фудбалско првенство кое ќе се одржи од 15 до 13 јули во САД.

Во фокусот на спонзорството ќе бидат брендовите Budweiser и Michelob ULTRA, додека на одредени пазари исто така ќе бидат истакнати и локални брендови, соопштуваат од компанијата.  

Нашите брендови се во срцето на најважните светски културни моменти и култни спортски настани. Нашето партнерство со Светското клупско првенство на ФИФА ја продолжува оваа традиција со здружување на пивото и спортот за навивачите ширум светот, создавајќи повеќе моменти на заедништво и пријателство, изјави Мишел Дукерис, извршен директор на „АБ Инбев.“

„АБ Инбев“ е спонзор на нашите настани скоро 40 години. Задоволство ни е да им посакаме добредојде како партнер на следното Светско клупско првенство на ФИФА. Ние сме на почеток на патување кое ќе го редефинира клупскиот фудбал и ќе го оживее овој глобален турнир. Со брендовите „Аб Инбев“ можеме да создадеме незаборавни моменти за навивачите ширум светот, изјави Џани Инфантино, претседател на ФИФА.

Купот ќе собере 32 од најдобрите светски фудбалски клубови во 11 градови. Како дел од спонзорството, „Аб Инбев“ ќе создаде „уникатни искуства“ за потрошувачите, како и ќе ја додели наградата „Супериорен играч“.

Компанијата, исто така, ќе биде спонзор на Светското првенство во фудбал во 2026 година, чии домаќини ќе бидат 16 градови во Канада, Мексико и САД.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Аб Инбев“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...