Во првите два квартали вкупните приходи на „Дино група“ изнесуваат 4,9 милијарди евра, што е за 13,5% повеќе отколку истиот период во минатата година.
Во септември 2024 година трговската мрежа на компанијата се состоела од 2.572 продавници, а 69 продавници биле отворени во третиот квартал, Вкупната продажна површина на малопродажните објекти изнесува 1,01 милијарди квадрати метри, што е за 10,1% повеќа во однос на истиот период во 2023 година.
Капиталните расходи на компанијата, кои главно се однесуваат на развојот на мрежата, проширувањето на логистичките и производствените капацитети, во третиот квартал изнесуваат 434 милиони полски злоти (99,4 милиони евра), додека од почетокот на годината достигнале 1,13 милијарди полски злоти ( 259 милиони евра).
Секојдневно се фокусираме на тоа понудата во продавниците на „Дино“ соодветно и сеопфатно да ги задоволува потребите на потрошувачите. Истовремено посветуваме големо внимание на нудење производи по атрактивни цени. Резултатот од овие напори е силен раст на продажбата и зголемен број на посети од потрошувачите. Ова е нашата мотивација да продолжиме со брзиот развој на мрежата, изјави Михал Краузе, член на Управниот одбор на „Дино“ - Полска.
Извор: InStore.hr
Фото: „Дино
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.