Свет

Велика Британија: „Сеинсберис“ со раст на продажбата од 3,1%

12 Nov 2024

Малопродажбата на „Сеинсберис“, исклучувајќи го горивото, во првата половина од годинава бележи пораст од 3,1%, или 16,5 милијарди фунти, при што продажбата на намирници бележи раст од 5%.

Нашето работење со храна расте и го зголемува нашиот пазарен удел во оваа индустрија, со континуиран силен раст на обемот. Сè повеќе купувачи доаѓаат кај нас за големи набавки, препознавајќи ја нашата добитна комбинација на вредност, квалитет и услуга. Нашите одлични колеги и добавувачи се во срцето на сè што правиме и сакам да им се заблагодарам за целата нивна напорна работа додека се подготвуваме да им приредиме на купувачите фантастичен Божик. Остануваме фокусирани на постигнување најдобри резултати за нашите купувачи, заедницата и акционери, изјави Сајмон Робертс, извршен директор на компанијата.

Вкупниот остварен профит без даноци во овој период изнесува 356 милиони фунти, што е за 4,7% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Во првите два квартали вкупниот приход на групацијата изнесува 17,2 милијарди фунти, што е пораст од 2,3% во однос на претходната година.

Кога се работи за целата финансиска година, компанијата очекува пораст на вкупниот профит во распон од 5 до 10%.

 

Извор:Instore.rs

Фото: „Сеинсберис“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...