Руската компанија „Лента“ оствари пораст на продажбата од 55,1% во третиот квартал во однос на истиот период од минатата година.
Малопродажбата во овој период од годината достигнала 209,3 милијарди рубљи, (1. 983.923.932 евра) што е пораст од 57,7% во однос на претходната година.
Бруто профитот е зголемен за 66,8% во однос на третиот квартал од 2023 година, додека бруто маржата пораснала за 154 базни поени на 21,9%.
Компанијата во третиот квартал отворила 135 продавници, четири супермаркети и еден хипермаркет.
Во третиот квартал, продолживме да испорачуваме силен раст, а во исто време направивме напредок во остварувањето на амбициозните цели наведени во нашата стратегија. Би сакал да им се заблагодарам на сите вработени во „Лента“ за нивните напори да создадат подобро искуство за купување за потрошувачите. Заедно, сме на пат да ги постигнеме нашите цели за 2025 година, играјќи важна улога во поттикнувањето на растот на нашите партнери и потрошувачкиот пазар во градовите каде што работиме, изјави Владимир Сорокин, главен извршен директор на „Лента.“
Во првите девет месеци компанијата оствари пораст на продажбата од 58,9%, додека малопродажбата остварила пораст од 60,9%.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лента“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.