Компанијата „Келанова“ ги најави плановите за инвестирање на 75 милиони фунти во својата фабрика за житарици во Врексхем.
Оваа инвестиција ја означува најголемата поединечна инвестиција во последните триесет години во британското производство на житарици.
Фабриката е отворена во 1978 година и таа најголемата „Спешл К“ фабрика на светот, а во неа исто така се произведуваат некои од другите брендови на производителот, вклучувајќи ги All Bran, Bran Flakes и Fruit ’n Fibre.
Во рамките на инвестицијата производството на другите брендови на житарици, вклучувајќи ги Corn Flakes и Crunchy Nut ќе премине во Врексхам, додека компанијата се подготвува да го приврши производството во својата фабрика во Трафорд парк во Манчерстер, која треба да биде затворена на крајот на 2026 година. Секојдневно во оваа фабрика се произведуваат околу милион кутии со житарици, вклучувајќи ги брендовите Corn Flakes, Rice Krispies и Coco Pops. Затворањето на производниот погон ќе резултира со затворање на околу 360 работни места.
Извор: FoodBev
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.