„Максима група“ која управува со трговските синџири „Максима“ и „Барбора“ на Балтикот, „Стокротка“ во Полска и со „Т маркет“ во Бугарија, за првата половина од годианва пријави пораст на приходите за 4,7 отсто ( 3 милијарди евра) во споредба со истиот период од минатата година.
Во соопштението од групацијата нaведуваат дека значителен придонес во овој пораст е тековната експанзија во Полска и Бугарија, како и зголемената продажба во Литванија и Летонија.
Приходите остварени во Полска се резултат на ширењето на мрежата на продавници и тие во овој период пораснале за 11,2% , надминувајќи 920 милиони евра.
На ниво на групација, приходите од малопродажбата пресметани по константен курс се зголемени за 2,2%, при што во Литванија бил забележан најголем пораст од 4,7 %.
ЕБТДА на групацијата изнесува 209 милиони евра, што е намалување од 10,8% во однос на истиот период од минатата година.
Инвестициите во основите средства во првата половина од годинава изнесуваат 109 милиони евра, што е 53 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.
Во овој период групацијата отвори дваесет и четири нови продавници, шеснаесет во Полска, пет во Бугарија, две во Литванија и една во Летонија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Максима група“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.