Свет

Србија: dm дрогерие маркт ја отвори реновираната дрогерија во Нови Сад

16 Sep 2024

dm дрогерие маркт повторно ги отвори вратите за потрошувачите на својата реновирана дрогерија во Нови Сад, која се наоѓа на Народен фронт 23б.

На денот на отворањето за првите 300.купувачи кои ќе направат сметка поголема од 6.000 динари, компанијата им подготви подарок  dm крпи, додека на првите 2.500 купувачи кои ќе направат сметки поголеми од 1.000 дианри ќе добијат универзални марамчиња Denkmit за чистење и свежина 50/1, соопштуваат од компанијата.

        

Покрај тоа, компанијата обезбедила и попуст од 15% за првите три дена после отворањето.

По повод отворањето на реновираната дрогерија, компанијата додели донација во опрема вредна 1.000.000 динари (8.544 еу) на Детското село „Д-р Милорад Павловиќ“ во Сремска Кременица.

 

Извор: InStore.rs

Фото: dm дрогерие маркт  Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...