Свет

Германија: „Лидл“ и „Кауфланд“ ќе користат корпи од рециклирана пластика

30 Aug 2024

„Лилд“ и „Кауфланд“ како членки на „Шварц група“ ќе почнат да користат корпи од рециклирана пластика.

Станува збор за корпи направени  во соработка со „Презеро“ кои се од искористената амбалажа на „Лидл“ и „Кауфланд“. Имено, потрошувачите ќе можат да ја вратат искористената амбалажа  од која потоа ќе се изработат корпите.

Во иднина, рачните корпи ќе се прават од 75 проценти рециклиран материјал, корпите на тркала од 80 проценти рециклиран материјал, а на количките  XLXL од 87 проценти рециклиран материјал.

Ваквата промена компаниите веќе ја имплементираат во рачните корпи, а во иднина се очекува тоа да се случи со  корпите на тркала, како и лансирање на сите вакви корпи низ продавниците на овие две компании.

Со ваквата одлука компаниите ќе заштедат над 390 тони нова пластика и така ќе спречат емисија на околу 698 тони на Со2.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexles



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...