Свет

Германија: Поради кризата ќе има помалку вработувања

29 Aug 2024

Според новото издание на барометарот за пазарот на труд на институто „Ифо“, поради малиот број на нарачки и купувачи, германските компании се принудени да ги променат плановите за вработување.

Германските компании поради кризата планираат помалку вработувања, а во индустрискиот сектор  и трговијата сѐ повеќе од нив планираат затворање на работни места.

 Барометарот на вработеноста во август падна трет месец по ред, од 95,3 во јули на сегашните 94,8 поени. Сè што е над 100 укажува на позитивни очекувања, а под тоа очекувањата се негативни.  

Слабиот економски пораст сѐ повеќе влијае на трендот на вработеност. Намалувањето на работата ги кочи плановите за вработување на компаниите, вели Клаус Вохрабе, автор на студијата.

„Ифо“ редовно истражува повеќе од 9.500 домашни компании. Опсежниот прашалник е основа за влијателни показатели, од деловната клима до вработувањето, кои „Ифо“ ги ажурира месечно. Барометарот на пазарот на трудот предвидува особено лоши времиња во индустријата.

Сѐ повеќе компании размислуваат за затворање на работните места, рече „Ифо.“

Слично е и во трговијата на која во која недостасуваат купувачи. Градежната индустрија и покрај кризата ќе помине без отпуштања. Малку позитивен тренд се забележува во услужниот сектор, пред се во ИТ и во туризмот.

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...