Свет

ЕУ: Хрватска и Грција се најголеми корисници на фондовите за земјоделство и кохезија

16 Aug 2024

Во 2023 година Хрватска и Грција беа најголеми корисници на средства од фондовите за спроведување на кохезијата и заедничката земјоделска политика на Европската Унија.

Хрватска беше најголемиот нето-примател на пари од кохезиониот фонд и износот беше 2,45 отсто од нејзиниот бруто национален приход.Потоа, следува Словачка со 2,06 отсто, Унгарија со 1,77 отсто, Летонија со 1,76 отсто и Бугарија со 1,39 отсто од бруто национален доход, пренесува „Бета“.

Целта на кохезиониот фонд е да поттикне рамномерен развој на земјите од Европската Унија, а како израз на солидарност со помалку развиените земји и региони, сите членки на ЕУ уплаќаат во тој фонд пропорционално на нивната економска моќ.

Најголем корисник на средствата на ЕУ за земјоделството, кои се инструменти на заедничката земјоделска политика (ЗЗП), беше Грција. Износот што го повлече врз основа на заедничката политика за земјоделство и рурален развој на Унијата изнесуваше 1,05 отсто од нејзиниот бруто национален доход.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...