Според најновото истражување на „Прицер“, околу 65% од купувачите во Обединетото Кралство делумно или целосно пазарувале во „Алди“ и „Лидл“.
Истражувањето покажало дека и покрај „агресивните“ намалувања и подобрувањето на понудите за лојалност во супермаркетите, купувачите продолжуваат да се префрлаат кај дисконтите во потрага по подобри понуди.
Во ова истражување било опфатени 1.000 испитаници и било откриено дека процентот кај оние кои преминале во „Алди“ и „Лидл“ пораснал за четири процентни поени во однос на претходната година. Од испитаниците 51% рекле дека за купување на храна се префрлиле во дисконтите, додека 13% од нив целосно купувале во „Алди“ и „Лидл“.
Кај дисконтите најмногу преминува младата демографска група, 79% од миленијалците и 78% од генерацијата Z, се префрлиле меѓу рафтовите кај овие два дисконтери.
Во овој „трансфер“ предводат жителите на Лондон со 81% во споредба со 60% од централниот дел на земјата и 67% од северниот дел на земјата.
Покрај намалувањето на инфлацијата кај цените на храната, потрошувачите и понатаму се чувствителни на цените и промоциите. Околу 81% од потрошувачите во Обединетото Кралство и понатаму водат сметка за трошоците, додека повеќе од една третина планираат да ја одржуваат економичната потрошувачка на храна дури и ако нивните расположливи приходи се помалку оптеретени.
Извор: esmmagazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.