Според истражувањето на компанијата „Вич“, седми месец по ред „Алди“ е прогласен за најевтин супер маркет.
Месечното истражување на компанијата покажува дека потрошувачката кошничка со 63 артикли во „Алди“ вкупно чини 113,87 фунти, што е за 33,11 фунти или 29% помалку отколку во најскапиот маркет „Веитрос“.
Потоа следуваат „Лидл“ каде што потрошувачката кошничка чини 116,24 фунти, „Асда“ со 135,61 фунти, а „Теско“ е на четвртото место како резултат попустите со употребата на картичките за лојалност, додека без употреба на картичките тој е на шесто место.
Минатата година „Вич“ го прогласи „Алди“ за најевтин супермаркет, а во текот на сите месеци од минатата година „Алди“ ја добиваше оваа титула за 11 месеци.
Ова признание „Алди“ го доби и во 2021 и 2022 година.
Извор: Grocery Gazette
Фото: „Алди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.