Според извештајот на „Адобе аналитикс“, во текот на првиот ден на „Амазон прајм деј“ онлајн продажбата достигнала околу 7,2 милијарди долари.
Во извештајот се наведува дека во првиот ден биле забележани еден билион посети во онлајн продавниците, при што покрај посетите на „Амазон“ биле посетувани и онлајн продавниците на „Волмарт“ и „Таргет“ кои лансирале акции со цел да го привлечат вниманието на купувачите.
Податоците на компанијата покажуваат дека просечната потрошувачка преку платформата „Амазон“ во првите 32 часа изнесувала 60,03 долари, додека во 2023 година таа изнесувала 56,64 долари.
Извор: ESM magazine
Фото: „Амазон“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.