Свет

Швајцарија: „Мигрос“ го проширува асортиманот на приватни трговски марки

11 Jul 2024

Во наредниот период „Мигрос“ ќе биде фокусиран на пониски цени, развој на продажната мрежа, проширување на асортиманот од приватните трговски марки и подобрување на ефикасноста на работната сила.

Ширењето на асортиманот од приватните трговски марки претставува „јасен крај“ на стратегијата која досега е воведена, изјави Марио Ирмингер, директор на „Мигорс“ во интервју за швајцарскиот магазин „Сонтас зајтунг“.

Ирмингер прави проценка на промените во навиките кај швајцарските потрошувачи, со што бројот на големите посети за купување во викенди ќе се замени со периодични навики за купување. Тој истакна дека важно е да се земи во предвид и можноста за пад на куповната моќ и буџетот на потрошувачите.

Тој го најави укинувањето на неколку мали популарни брендови, со што компанијата би го оптимизирала просторот на полиците и би ги намалила трошоците, а најави и лансирање на нови приватни трговски марки.

Ваквата стратегиска промена ќе и овозможи на компанијата подобро да се натпреварува со компаниите како „Алди“ и „Лидл“.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Мигрос“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...