Свет

Велика Британија: „Морисонс“ оствари пораст на продажбата во вториот квартал

27 Jun 2024

„Морисонс“ објави дека остварил пораст на продажбата од 4,1% во вториот квартал од тековната финансиска година.

Вкупната продажба, во која не е вкучено горивото, пораснала за 3,7% во текот на кварталот и изнесува 3,8 милијарди фунти, соопштува компанијата.

За првата половина на финансиската година основата на ЕБТДА, без делот за гориво, има пораст од 16%, односно 321 милиони фунти.

Ова беше уште еден солиден квартал на напредок со зголемување на продажбата и обемот на целото работење. Нашиот долг сега е намален за повеќе од една третина и направивме дополнителен напредок во нашата програма за заштеда на трошоци  од 78 милиони фунти во кварталот, со што вкупниот износ од почетокот на годината изнесува нешто повеќе од 450 милиони фунти и во согласност со нашата три годишна цел од 700 милиони фунти, изјави Џо Гоф, главен финансиски директор на „Морисонс.“

Во овој период компанијата купила 38 продавници на Канарските Острови од компанијата „СандпиперЦИ“, покрај тоа ја завршила и конверзацијата на продавниците на „Меколс“.

Во 2023 година компанијата пријала пораст на вкупните приходи (со исклучок на гориво) од 2,7% или 14,9 милијарди евра, како и пораст на продажбата од 1,8%.

Извор: ESM magazine

Фото: „Морисонс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...