Кина почна истрага за увозот на свинско и производи од свинско месо од Европската унија, откако производителите организирани во Кинеската асоцијација за сточарство реагираа дека тие се продаваат по вештачки ниски цени.
Ова го соопшти Министерството за трговија, додавајќи дека истрагата е отворена на официјално барање на кинеската асоцијација за одгледување на свинско месо.
По таа објава, Европската комисија најави дека внимателно ќе ја следи постапката во соработка со европската индустрија и земјите членки.
Доколку е потребно, ќе интервенираме за да се осигураме дека истрагата целосно се усогласува со прописите на Светската трговска организација, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.
Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас изјави дека се надева дека ќе има можност да се постигне некаков аранжман.
Шпанија е најголемиот извозник на производи од свинско месо во Кина со повеќе од 560.000 тони продадени минатата година за вкупна вредност од 1,2 милијарди евра.
Соопштението беше објавено во контекст на зголемените трговски тензии меѓу Кина и ЕУ.
ЕУ минатата недела објави дека ќе воведе дополнителни царини за увоз на кинески електрични возила од следниот месец, по истрагата за субвенционирање отворена во септември 2023 година
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.