Свет

Русија: „Магнит“ инвестира во нов дистрибутивен центар

11 Jun 2024

Руската компанија „Магнит“ ги најави плановите за изградба на нов дистрибутивен центар и отворање на 100 нови продавници во московскиот регион.

Оваа информација за соопшти гувернерот на московската област, Андреи Воробиов, после потпишивањето на договорот со генералната директорна на трговскиот синџир, Ана Мелешина.

Дистрибутивниот ценар кој ќе се простира на површина од 86.000 квадратни метри, ќе се изгради во Подолска и ќе опслужува над 400 хипермаркети и 7.000 продавници „Магнит косметикс“ низ државата.

Се очекува дистрибутивнито центар кој ќе биде во вредност од 10 милијарди рубљи, целосно да биде оперативен до крајот на годинава, а во него ќе се отворат околу 1.700 нови работни места.

Како дел од договорот исто така ќе бидат отворени 100 нови продавници во оваа област, со чие отворање ќе бидат отворени 550 нови работни места.

Трговската мрежа на компанијата во моментов вклучува 29.000 продавници ширум државата, од кои 2.500 се во регионот на Москва.

 

 

Извор: Retail.ru

Фото: „Магнит“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...