Производителот на алкохолни пијалаци, „Перно Рикард“, во третиот квартал остварил помала продажба од очекуваната, после големиот притисок во неговото работење во САД и Кина.
Продажбата во првите три месеци, заклучно со 31.март, достигнала 2,35 милијарди евра, без пораст во однос на претходната година и под очекувањата на аналитичарите за раст од 2%.
Во Кина продажбата бележи пад за 12%, во САД за 11%, додека во Индија продажбата бележи пораст за 8%.
Компанијата ги задржува своите насоки за раст во оваа финансиска година која завршува на 30 јуни, очекувајќи раст на продажбата од 4 до 7%.
Во 2023 година компанијата остварила поголеми резултати од очекуваните, остварувајќи раст од 11%, а продажбата достигнала до 12,137 милијарди евра.
Извор: ESM magazine
Фото: „Перно Рикар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.