Како дел од инвестициjата вредна 75 милиони долари, „Кампари груп“ ја отвори новата линија за флаширање на Aperol, во рамките на својата фабрика „Нови лигуре“ во Италија.
Групацијата соопшти дека за оваа линија биле додадени дополнители 6.500 квадратни метри на посточеката локација која е на површина од 60.700 квадратни метри, како фаза која е неопходна за меѓународниот развој на компанијата.
Во последната деценија, побарувачката за овај италијански пијалак пораснала за 500%.
Горди сме што ја отвораме новата линија за флаширање на Aperol, која ќе ни овозможи уште повеќе да ги зголемиме капацитетите и ќе ни овозможи да продолжиме со извоз на Aperol низ светот. Ова проширување на фабриката се случува после 20 години од нејзинито отворање и тоа е дополнителна потврда за позитивниот тренд на пораст во последните години, изјави Матео Фантакиоти, извршен директор на компанијата.
„Нови лигуре“ е најголемата фабрика на компанија, во која меѓу другото се произведуваат брендовите Campari, Aperol, Campari Soda, Crodino и Cinzano.
Новата линија ќе го зголеми капацитетот на фабрика за 100 милиони шишиња.
Извор: FoodBev
Фото: „Кампари груп“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.