Француското министерство за финансии соопшти дека трговците ќе мора да ги известат купувачите дали кај некои производи има шринкфлација.
Почнувајќи од јули, трговците ќе мора да ги означат производите, како на пример детергентите, чија грамажа е намалена без да има намалување на цената.
Шринкфлацијата е измама на потрошувачите, на која и ставаме точка. Сакаме повторно да ја изградиме довербата на потрошувачите, а довербата оди под рака со транспарентноста, изјави министерот за финансии, Бруно Ла Маире.
Како одговор на тоа, владата усовила закон со кој се регулираат преговорите помеѓу трговците и производителите, правејќи им притисок на компаниите кога е во прашање зголемувањето на цените.
Според прелиминарните податоци, инфлацијата во Франција во март паднала на најниско ниво од јули 2021 година.
Цените на храната забележале пад во однос на една година претходно, за 1,7 процентни поени, а инфлацијата кај храната во овој период изнесувала 3,9%.
Извор: ESM magazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.