Седми пат по ред компанијата „Кока Кола ХБЦ“ е прогласена за најодржлива светска компанија во категоријата произведувачи на пијалаци, според индексот на одржливост за 2023 година, на „Даун Џонс“.
Исто така, компанијата е рангирана и како лидер на ЦДП листата ( според која се мери учеството на компаниите на полето на климатските промени), со што се придружи на малиот број на компании кои ја постигнале двапати оценката – А, за клима и за вода.
Нашите континуирани инвестиции во технологијата, иновациите, партнерствата и спремноста да испробаме нови работи, исто така, ни помагаат да го зацврстиме нашиот пат кон одржливоста. Се движиме кон целите за одржлив развој, создавајќи можности за здрава и просперитетна иднина, изјавил главниот извршен директор на компанијата, Зоран Богдановиќ и додал дека постигнатиот успех е резултат на јасната визија и целите во областа на одржливоста, како и во цврстото уверување дека одржливоста е вистински генератор на растот и вредноста во работењето.
Во последните 15 години, „Кока Кола ХБЦ“ – Србија, ја намалила потрошувачката на вода за околу 54%, а енергијата за 59% по литар произведен пијалак.
Компанијата континуирано ја намалува емисијата на СО2, преку користење на енергии од обновливи извори, енергетски ефикасни системи за ладење, користење на одржливи автомобили и бројни иновации во производството.
Извор: Instore.rs
Фото: „Кока Кока ХБЦ“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.