Свет

„Волмарт“ ќе инвестира над 1 милијарда евра во развојот на продажната мрежа во Чиле

27 Dec 2024

„Волмарт“ најави дека планира во следните пет години да инвестира 1,3 милијарди долари во развој на продажната мрежа во Чиле.  

Инвестицијата вклучува отворање на 70 нови продавници и отворање на 4.000 нови работни места, што ја одразува посветеноста на компанијата кон заедниците во Чиле, се вели во соопштението на компанијата.

Ова не е само инвестиција во инфраструктура и технологија, ова е инвестиција во луѓето, заедниците. Градиме подобра иднина за сите, за идните генерации и за нашите деца. Ние веруваме во Чиле. Ние веруваме во неговиот народ. Продолжуваме да истражуваме заедно, изјави Кристијан Бариентос, претседател и извршен директор на „Волмарт“ - Чиле.

Оваа инвестиција ни овозможува дополнително да ја подобриме вредноста што им ја даваме на купувачите, преку ниски цени на основните производи, како и на производите и решенијата кои го подобруваат нивниот квалитет на живот, изјави Кет Меклеј, претседател и извршен директор на „Волмарт интернешнл“.

Компанијата, како дел од проширувањето на мрежата, ќе го прошири своето присуство во региони каде што моментално не работи, како што се Валенар, Лос Вилос  и Позо Алмонте.

Планот вклучува и изградба на деветти дистрибутивен центар на југот на земјата, како и поставување соларни панели на повеќе од 50 локации, така што 80% од енергијата што ја користи „Волмарт“ во Чиле ќе доаѓа од обновливи извори.

 

 

 

 

Извор/Фото: InStore



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...