Свет

„Шпар“ најави влез на пазарот во Узбекистан

29 Nov 2023

Следната година „Шпар“ ќе влезе на пазарот во Узбекистан, пренесува порталот „Њусхаб“, а продажниот синџир на овој пазар ќе биде преставен преку „Корзинка“.

Ја купивме лиценцата  и ќе го претставуваме „Шпар“ во Узбекистан, изјавила за порталот, Наргис Бајмирзаева, директорка за корпоративен развој на „Корзинка“

Таа додала дека во текот се преговори со компанијата, околу начинот како компанијата може да се развива на овој пазар, како и тоа дека веројатно ќе бидат фокусирани на помал формат, а не на хипермаркети.

Задоволство ни е што можеме да им посакаме добредојде на узбекистанската компанија „Корзинка“ во мрежата на „Шпар“. Движечка сила на успехот на „Шпар“ е секогаш блиската соработка меѓу трговците кои со интегритет им служат на локалните заедници. Уверени сме дека ова партнерство со „Корзинка“, која ги дели нашите вредности, ќе биде од корист не само за компанијата, туку ќе е засилување  и за „Шпар“ на меѓународен план, изјавил Дејвид Мур, директор за меѓународна малопродажба и развој за „Шпар Интернационал“

На територијата на поранешниот Советски сојуз, „Шпар“ во моментов е присутен во Азербејџан и Белорусија.

Извор: Retail.ru



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...