Свет

Гана ја зголеми откупната цена на какаото за повеќе од 63 отсто

12 Sep 2023

Гана ја зголеми загарантираната откупна цена на какаото за земјоделците во земјата за повеќе од 63 отсто во обид да ги зголеми нивните приходи и да го спречи шверцот во соседните земји, каде што какаото се продава по повисоки цени.

Претседателот на Гана Нана Акуфо-Адо рече дека земјата ќе купува какао од земјоделците по цена од околу 1.714 евра по тон за сезоната 2023/2024 година, која почнува во септември. Тоа е највисоката откупна цена платена за земјоделците низ Западна Африка во последните 50 години. Порастот на цената доаѓа откако фјучерсите на какаото во последните недели достигнаа рекордно ниво во последните 46 години.

Ослабената валута на Гана, седи, влијаеше врз намалувањето на цената на какаото во текот на претходната сезона. Во соседниот Брег на Слоновата Коска цените се зголемија, за што многу придонесе и практиката на земјоделците од Гана да ги шверцуваат нивните какао-зрна и да ги продаваат по повисоки цени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...