Свет

Португалија: „Континенте“ ги отстранува пластичните капачиња

06 Sep 2023

Трговскиот синџир „Континенте“ ги отстрани пластичните капачиња од пакувањата со течен јогурт.

Како што наведуваат од компанијата, оваа мерка има цел да спречи пластиката да стигне до морските екосистеми, бидејќи е една од главните причини за загадување.

Со промената, која веќе се спроведува во продавниците, се очекува да се заштедат околу 100 тони пластика годишно. На тој начин за 15 отсто ќе се намали количеството пластика во проценетите 69 милиони шишиња јогурт што се продаваат годишно.

Минатата година „Континенте“ постигна стапка на рециклирање од 80% за сопствената пластична амбалажа, што претставува зголемување од 5,3% во споредба со 2021 година. Покрај тоа, компанијата издаде и прирачник за развој на рециклирачка, поодржлива и поефикасна амбалажа.

Во 2021 година „Континенте“ заработи 750 милиони евра од продажба на прехранбени приватни марки, што претставува 44% од вкупната продажба на трговецот на мало.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...