Свет

САД: „Келогс“ ги претстави Pringles со вкус на ѓеврек

31 Aug 2023
„Келогс“ во САД воведе ограничено издание на чипсот Pringles со вкус на ѓеврек, наречено Еverything Bagel.
 
Новите Pringles, покрај вкусот на ѓеврекот, го карактеризираат и вкусовите на крем сирење, сусам, афион и кромид.
 
Од Philly Cheesesteak до Enchilada Adobada, обожавателите на Pringles долго уживаа во нашите бескрајно креативни иновации. Новиот Pringles Everything Bagel совршено ги опфаќа омилените вкусови на закуски на нацијата без потреба од крем сирење или деликатеси, рече Маурицио Џенкинс, директор за маркетинг за Pringles во САД.
 
Новиот вкус ќе биде достапен ограничено време во одредени продавници низ САД, почнувајќи од септември.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...