„Асда“ вложи 23 милиони фунти во намалување на цените на 425 брендирани производи и производи од приватни трговски марки.
Цените на производите, како што се пелени, млеко за бебиња, леб, сирење, житарки, тестенини, колбаси и пилешки гради ќе бидат намалени во просек за 11 отсто.
Иако имаше пад на инфлацијата минатиот месец, нашите соптвени податоци ни покажуваат дека многу купувачи и натаму се борат со растечките трошоци за живот. Оваа најнова инвестиција во цените ја насочивме кон производи кои нашите купувачи ги купуваат секоја недела, за да им помогнеме нивниот буџет за купување дополнително да се зголеми. Исто така, продолжуваме блиску да соработуваме со нашите добавувачи и секогаш кога ќе видиме можност да ја пренесеме нашата заштеда на купувачите, ние тоа и ќе го направиме, изјави Крис Комерфорд, главниот комерцијален директор на „Асда“.
Овој потег следуваше по инвестицијата од минатиот месец од 13 милиони фунти во намалување на цените на повеќе од 200 производи од приватна трговска марка.
Извор: Grocery Gazette
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.